Атлетико го доби Реал, Мурињо покажуваше слики, Чоло одговори

Фудбалерите на Атлетико Мадрид пред преполни трибини на „Ванда Метрополитано“ славеа победа 2-1 во големото градско дерби против Реал Мадрид. Со овој триумф „јорганџиите“ се искачија на второ место на табелата со 16 бода а Реал е трет со бод помалку.

Диего Симеоне го надитри Жозе Мурињо и тактички и технички. Клучен момент на средбата се случи во 50' минута кога стоперот Дин Хујсен го фаулираше Џовани Симеоне кој истрча сам пред Тибо Куртоа па Атлетико Мадрид доби пенал а Хујсен црвен картон.

Грималдо даде гол од пенал во 53' минута за водство на Атлетико Мадрид.

Шест минути подоцна „Ванда Метрополитано“ одново згрме. По сјајна акција на синот на Диего, Џовани Симеоне, новајлијата Џонатан Дејвид идеално реализираше за 2-0 и негов втор гол на вториот меч откако дојде во Атлетико.

Во 90' минута Антонио Ридигер намали на 2-1 на асистенција на Бернардо Силва но тоа беше се од Реал. Атлетико ја сочува предноста и заслужено славеше во првото мадридско дерби сезонава.

МУРИЊО БЕСЕН НА СУДИИТЕ

Жозе Мурињо по натпреварот, на прес-конференција изнесе тешки обвинувања на сметка на судиите на дербито. Жозе покажуваше испечатени фотографии од прекршоците на Канг-ин Ли и стоперот Ромеро кои ги нарече „чисти црвени картони“.

„Судиската комисија мора да биде среќна бидејќи сето ова беше баш многу чудно“, изјави Мурињо кој рече дека судијата на дербито бил познат една недела претходно наместо 24 часа пред дуелот каква што е праксата.

„Ставаат судија кој на 41 година нема меѓународен карактер. Тоа сигурно не е зошто е врвен судија. Тој кутар дојде тука и не издржа под притисокот“, изјави Мурињо.

Му се сврте и на ВАР судијата Трухиљо Суарез.

„Господин Трухиљо има богата историја како ВАР-судија на натпреварите на Реал Мадрид. За кутриот главен судија може да се каже дека нема искуство ниту авторитет за дерби, но овој господин во ВАР-собата немаше баш никаков притисок. Или можеби има, а ние не го знаеме тоа.

Оваа комбинација од неискусен судија и господионот од ВАР-собата со таква историја.... епа, честитки до судијската комисија“.

 

21 септември 2026 - 08:53