Шокантен пораз за Италија на Европско од Финска

Најголемиот фаворит за златото на Европското првенство чија завршница се игра токму кај нив во Торино и Милано, Италија беше поразена во четвртфинале од Финска 3-2 во тај-брејк. Финците направија огромна сензација откако во петтиот решавачки сет славеа 15-13 иако аѕурите пред своите навивачи неколку пати имаа водство на 2 и 3 поени предност.

Финците ќе играат прво историско второ полуфинале на Европско првенство, против Франција. Во второто полуфинале ќе играат Словенија и Полска.

Финците имаат интересна и млада репрезентација чиј просек на старост е 24 години. Јунаци на триуфмот против силната Италија беа Јонас Јокела со дури 28 поени од напад 68%, Лука Мартила со 22 поени (3 аса) и Мика Хапанијеми со 10 поени. Кај Италијанците Јури Романо забележа 20 поени, Џовани Сангвинети 14 поени а Матија Ботоло 13 поени.

Интересно, натпреварот Италија - Финска во торинската сала „Палавела“ го следеле 8.260 гледачи а организаторите заработиле неверојатно 458.579 евра! Најевтината влезница чинела 40 евра, но не ги спречила италијанските навивачи да ја наполнат олимписката сала во четвртфиналето.

 

24 септември 2026 - 10:23