За кого навивал Колина?

Легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, кој работи како шеф на судискиот комитет на ФИФА, зборува отворено на тема, која многумина би сакале да ја чујат. Не поминале баш добро со него тие две екипи.

„Често знаат да ме прашаат дали навивам за некој тим? Како можеш да прашаш такво нешто, некој што го сака фудбалот и што стигнал на тоа ниво? Кога имав 10 години навивав, тоа е нормално, би било неочекувано спротивното. Јас бев симпатизер на Болоња и Лацио. 

На првите 9 меча кои му ги судев на Лацио во Серија А, немаше ниту една победа. Еден од управата на клубот ми вели: Се знае дека си симпатизер на Лацио, но ниту еднаш да не победиме?

На Болоња и судев повеќе пати и една од средбите беше бараж. Јас го судев реваншот, Болоња загуби дома и испадна во втора лига. Инаку јас сум роден во Болоња, израснат сум таму, сите пријатели ми се од таму, имам симпатии према клубот, но тоа за мене е тим со црвено - сини бои, кој играше против тим со дресови во жолта и сина боја“.

23 септември 2026 - 12:00