Може ли Кими Антонели до историска титула? Колку бодови бега до крајот?

Светската Гранд при трка во Формула продолжува во Баку. 20-годишното чудо од Италија, Кими Антонели има огромна предност од +81 бод пред првиот следбеник Џорџ Расел од Мерседес. Зад нив бајаги заостанува Луис Хамилтон од Ферари.

Ако се погледне долгогодишната историја на Формула 1, никој никогаш не успеал да стопи огромна бодовна разлика од 81 бод на 9 трки пред крајот. Но Џорџ Расел не се предава: „Се додека теоретски не сум готов...“

КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПРЕСВРТИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ФОРМУЛА 1 ТРКИТЕ?

ЏОН СУРТИС, сезона 1964

Суртис заостанувал 20 бода зад Џими Кларк и 16 бода зад Грем Хил по трката за Големата Награда на Велика Британија која била 5-та од 10 трки вкупно. На крајот Суртис ја освоил шампионската титула со 1 бод пред Грем Хил и 8 пред Џим Кларк.

ЏЕЈМС ХАНТ, сезона 1976

Хант бил зад Ники Лауда кој му бегал 35 бода по трката за Големата награда на Велика Британија која била 9-та трка од вкупно 16. На крајот завршил 1 бод пред Ники Лауда.

ЏОДИ ШЕКТЕР, сезона 1979

Шектер морал да стигне 17 бода колку што му бегал Жак Лафит по трката за Големата награда на Бразил која била 2-ра трка од вкупно 15. На крај завршил со 4 бода пред Жил Вилнев.

НЕЛСОН ПИКЕ, сезона 1981

17 бодови преднос имал Карлос Рејтман на 6 трки пред крајот откако се извозела 9-та трка од сезоната, за Големата награда на Велика Британија. На крајот фантастичниот Пике завршил шампионски прв на подиумот со 1 бод пред Карлос Рејтман. 

КЕКЕ РОЗБЕРГ, сезона 1982

Легендарниот фински возач Кеке Розберг освои дури пет шампионски титули за девет сезони во Формула 1 но најдрага му беше онаа од 1982-ра кога после две извозени трки заостануваше 16 бода зад Алан Прост по трката за ГН на Бразил. На крајот Розберг стигна до пехарот со 1 бод пред Дидие Пирони и Џон Ватсон.

НЕЛСОН ПИКЕ, сезона 1983

Легендарниот Бразилец и еден од најголемите во историјата на Формула 1 трките, Нелсон Пике кој денес има 74 години, во 1983-та година пак направи подвиг откако престигна 14 бода разлика колку што му бегаше Алан Прост и тоа на само 3 трки пред крајот. На крајот Пике имаше 2 бода повеќе од Прост.

НИКИ ЛАУДА, 1984

За многумина Австриецот Ники Лауда беше и остана најдобриот возач на Ф1 болид на сите времиња. Лауда во сезоната 1984-та заостануваше 15 бода зад Алан Прост после 4 трки од вкупно 16 но на крајот ја освои титулата со 0,5 бода пред Алан Прост (тогаш бодувањето беше според друг начин).

АИРТОН СЕНА, сезона 1988

Бразилецот Аиртон Сена во 1988-ма година се бркаше за титулата со Алан Прост. После 4-та трка, онаа за ГН на Мексико Прост бегаше 18 бода! На крајот Сена го престигна и ја освои шампионската титула со 3 бода пред Французинот.

МИХАЕЛ ШУМАХЕР, сезона 2003

Во ера на најголемите ривали Шумахер и Кими Раиконен, Финецот еднаш после 3 трки имаше предност од 16 бода. На крајот славниот Германец ја освои шампионската титула и го отвори шампионското славје со 2 бода пред големиот и лут ривал Раиконен.

КИМИ РАИКОНЕН, сезона 2007

За тоа колку е долговечен Луис Хамилтон зборува и фактот што пред речиси 20 години се бореше за титулата со веќе одамна ветеранот Раиконен. Британецот имаше предност од 26 бода по трката за ГН на САД, на 10 трки пред крајот но на крајот Раиконен заврши како прв и го освои пехарот. Имаше 1 бод пред Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.

СЕБАСТИЈАН ФЕТЕЛ, сезона 2012

Ова беше еден од најголемите пресврти на сите времиња во Формула 1. После 10 трки во сезоната, Алонсо му бегаше неверојатни 44 бода на Себастијан Фетел кој на крај сепак го престигна со неколку победи и заврши со 3 бода пред него.

ЛУИС ХАМИЛТОН, сезона 2014

Она што му избегна во 2007-ма со Раиконен, Британецот дебело го наплати во следните сезони. Во 2014-та имаше заостаток од 29 бода зад Нико Розберг на 7 трки пред крајот. На крајот верувале или не му бегаше 67 бода и го освои заслужено шампионското одличје.

МАКС ФЕРСТАПЕН, сезона 2022

Последен голем пресврт направи фантастичниот Макс кој имаше негатива од дури 46 бода зад Шарл Леклер по трката во Австралија, трета во сезоната. На крај го прешиша за дури 146 бода! Имаше цели 146 бода пред Леклер.

24 септември 2026 - 10:46