Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Пред само пет дена Виган го победи Манчестер Јунајтед, а вечерва за прв пат во својата историја славеше во Лондон каде победи на гостувањето кај Арсенал со два гола за 94 секунди.
Челниците на ФК Работнички се обидоа да не убедат дека не е ништо страшно што сакаат да потпишат со осуден местач од Јужна Кореја, но четворица вмешани во големата афера со наместени натпревари од оваа земја веќе извршија самоубиства.
Дури и да не сте љубител на мотори и никогаш во животот да немате слушнато за Валентино Роси и Хорхе Лоренцо, ова видео ќе го изгледате во еден здив и ќе барате по ТВ програмата кога следен пат ќе има мото трка на телевизија.
Екипата на Вардар е првиот освојувач на регионалната ракометна СЕХА лига откако во македонското финале во Загреб по одличното издание во второто полувреме го совлада Металург со 21:18.
Уште еден фудбалер почина на терен. 25-годишниот фудбалер на Ливорно, Пјермарио Моросини доживеа срцев удар за време на натпревар од италијанската Серија Б против Пескара. Сите фудбалски натпревари од Италија се одложени.
Во изминатите неколку недели нашите фудбалски интернационалци имаа многу добри типови, но секогаш тикетите им паѓаа за еден или два натпревари. Затоа ние решивме на овој црн петок 13-ти да го разбиеме малерот со еден наш тикет за претстојниот викенд.
Неверојатна фудбалска драма се случи синоќа во Копа Либертадорес. Фудбалерите на Фламенго веќе го славеа пласманот во следната фаза, но доживеаја шок кога на друг натпревар во Парагвај падна гол во 92-та минута.
Изнесувањето од терен на носилки заради повреда е најголем кошмар за секој фудбалер, но ова искуство може да биде дополнителен хорор доколку носилките ги носи некој идиот. Погледнете ги видеата со неколку вакви интересни моменти.
Дербито на Западната конференција помеѓу Оклахома и ЛА Клиперс го реши Крис Пол со 31 поен, но натпреварот беше одбележан и со дуелот на еден од најдобрите забивачи во лигата, Блејк Грифин против најдобриот блокер, Серж Ибака.
Алесандро Дел Пјеро има постигнато многу голови, но во сезоната која можеби му е последна како фудбалер на Јувентус и како фудбалер воопшто, „Пинтуричио" го постигна еден од најважните голови во неговата кариера и тоа токму на неговиот 700. настап во црно-белиот дрес.
Радоста на Барселона на негативата од само еден поен траеше само еден ден. Реал Мадрид си ја врати предноста од четири поени со победата од 1:4 на гостувањето кај Атлетико во големото градско дерби на Мадрид. Стрелец на три гола беше Кристијано Роналдо со што Португалецот го престигна Лионел Меси на листата на стрелци.
Уште нешто помалку од два месеци до почетокот на Европското фудбалско првенство во Полска и Украина. Се уште е рано да се дискутира за фаворити и аутсајдери, но ги знаеме сите 32 дреса на 16-те учесници па можеме да одбереме најубав и најгрд дрес на првенството.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Панама му го разубаве денот на еден млад навивач сликајќи се со него, но целата слика ја разубаве содржината на неговата ќеса.
Не дека сме нешто подобри или победивме некого, но фудбалската репрезентација на Македонија без да одигра натпревар направи скок од четири места и сега е пласирана на 98-та позиција на најновата ранг листа на ФИФА.
Сали Мунтари беше стрелец на единствениот гол при победата на Милан на гостувањето кај Киево, а по натпреварот тој сакаше да му го подари својот дрес на едно од децата кои ги собираат топките. Но детето не беше многу импресионирано.
Фудбалерите на Барселона го играа натпреварот против Хетафе, а истовремено нивниот соиграч Ерик Абидал беше подложен на хируршки зафат за пресадување на црниот дроб.
Енди Керол конечно даде гол и тоа победнички за неговиот тим. Ливерпул со играч помалку триумфираше по пауза од четири натпревари, а Керол го прекина постот кој траеше 517 минути.
Фудбалерите на турскиот четвртолигаш Чанакале Дарданелспор си постигнаа автогол откако по грешка им дадоа гол на Ерзурумспор наместо да им ја вратат топката.