Последниот пат кога Керол даде гол, Ливерпул го победи Вулверхемптон, а од тогаш неговиот забележа само една победа (на градското дерби против Евертон). Вечерва Ливерпул повторно победи и тоа со гол на Енди Керол. На засилувањето за кое Ливерпул плати 35 милиони фунти му беа потребни 10 натпревари или поточно 517 минути за да го најде патот до мрежата.
Ливерпул водеше со 0:2 веќе по 16 минути со два брзи гола на Макси Родригез, но потоа започнаа нивните проблеми.
Првиот голман на Ливерпул, Пепе Реина заработи црвен картон на натпреварот со Њукасл, па овој пат на голот беше резервниот голмано Дони, но и него го следеше истата судбина. Тој заработи црвен картон во 25-та минута за стартот над Ајегбени, а беше досуден и пенал за Блекбурн. На гол линијата застана третиот голман Бредли Џонс кој успеа да го одбрани ударот од белата точка.
Сепак десетина минути подоцна Јакубу Ајегбени намали на 1:2, а во 61-та минута судијат уште еднаш покажа на белата точка, а и во оваа ситуација Ајегбени беше соборен од голманот на Ливерпул. Нигериецот овој пат беше сигурен и израмни на 2:2.
И кога сите го очекуваа последниот свиреж на судијата, Енди Керол со глава успеа да ја затресе мрежата на Блекбурн и да му ја донесе победата на својот тим.