Најновото засилување на Фулам се 12 кокошки.
Фудбалери на Фулам секоја недела јадат по 90 јајца челниците на клубот пресметале дека трошат по 5.000 фунти годишно, па за да ги намалат овие трошоци тие решиле да си купат свои кокошки.
Кокошките ќе живеат во специјална фарма на тренинг центарот, но тоа е само првиот чекор од планот на клубот за намалување на трошоците.
Наскоро тренинг центарот на клубот ќе се претвори во огромна фарма затоа што тие планираат да засадат дрва со овошје и да направат градина за зеленчук.