Фудбалерот од средниот ред на Ливорно, Пјермарио Моросини се сруши на теренот во 31-та минута од натпреварот против Пескара и почина на патот кон болница.
Докторите на двата клуба се обидоа да му го спасат животот, но за жал не успеаја, а според првичните информации, тој доживеал уште срцев удар во амбулантното возило на патот кон болницата.
Амбулантото возило пристигнало со задоцнување затоа што полициски автомобил го блокирал влезот на стадионот, па автомобилот бил поместен откако му било искршено едно од стаклата.
Фудбалерите на двата тима беа во шок и натпреварот не се доигра, а челниците на италијанскиот фудбал ги одложија и сите преостанати натпревари од сите лиги кои викендов требаше да се одиграат во Италија.
Моросини ја започна кариерата во Аталанта, а по играњето за Болоња, Виченца, Реџина и Падова, во јануари оваа година пристигна во Ливорно како позајмен фудбалер од Удинезе. Пјермарио Моросини во минатото беше член и на младинските репрезентации на Италија.