Минатиот месец по поразот од Јувентус, екипата на Интер ја прекина соработката со Клаудио Раниери, а за нов тренер беше назначен Андреа Страмачони.
Страмачони во јануари наполни 36 години и е за две години помлад од капитенот Занети, па се очекуваше тој да го подмлади тимот, но се случи спротивното.
Младиот тренер го предводеше Интер на два натпревари, а просечната старост на фудбалерите кои настапија на овие натпревари изнесуваше 31,8 години.
Просечната старост на фудбалерите кои настапуваа на натпреварите под водство на Гасперини беше 30,1 години, а составот на Раниери во просек беше стар по 30,5 години.