Ракометарите на Вардар предводени од Веселин Вујовиќ го преслуша Металург и тоа на теренот на нивниот учител Лино Червар во Загреб на финалето од првото издание на СЕХА лигата.
Металург имаше многу подобар старт на натпреварот и благодарение на одбраните на Станиќ, ракометарите на актуелниот македонски шампион во првото полувреме водеа и со шест разлика. Сепак во последните минути Вардарци ги консолидираа своите редови и на паузата се замина со резултатот 12:10.
Избраниците на Червар повторно подобро стартуваа и во второто полувреме и бргу дојдоа до 15:10, но тоа беше се што тие сторија.
Во следните минути на паркетот играше само една екипа, а Металург за 25 минути успеа да постигне само три гола. Вардар на крајот славеше со 21:18.
Најефикасен во победничката екипа беше Јан Собол со шест голови, а кај Металург се истакнаа Марковиќ со седум гола и голманот Станиќ со 15 одбрани.