На францускиот интернационалец му беше дијагностициран тумор на црниот дроб уште во март минатата година. Тој веднаш замина на операција, а на 19-ти март 2011-та токму на натпреварот против Хетафе, навивачите на Камп Ноу и фудбалерите на двата тима застанаа во 22-та минута и му дадоа поддршка на Абидал.
Тој успешно се рехабилитираше, а своето враќање на теренот го одбележа со подигнување на трофејот од Лигата на шампиони на финалниот натпревар против Манчестер Јунајтед.
Точно по една година, фудбалскиот клуб Барселона објави дека Абидал повторно ќе мора да замине на операција, но заради здравстрените проблеми од минатото, овој пат ќе мора да биде извршена трансплантација на црниот дроб.
Вчера на пладне во клиниката Барна во Барселона започна комплицираниот хируршки зафат на Французинот и траеше се до полноќ.
Во првата фаза со траење од три часа, му беше отстранет црниот дроб на неговиот братучет Жерард, а околу 15 часот започна пресадувањето на органот на Абидал. Целата операција траела се до полноќ.
Истовремено на Камп Ноу фудбалерите на Барселона со 4:0 го победија Хетафе. Во 22-та минута тие се присетија на нивниот соиграч со бројот 22 и целиот аудиториум со аплауз и скандирање на неговото име му даде подршка на 32-годишниот Абидал.
Барселона победи со два гола на Алексис Санчез и по еден на Лионел Меси и Педро Родригез, со што во пресрет на вечерашното дерби на Мадрид помеѓу Атлетико и Реал, тие му направија дополнителен притисок на нивниот ривал доближувајќи му се на само еден поен.
Ова беше 10-та победа во серија за Барселона, а тренерот Гвардиола по натпреварот му ја посвети оваа победа на Абидал.