Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
По Манчестер Сити и ПСЖ, арапските нафтени пари вродија плод и во Малага. Клубот од јужната покраина Андалузија полека но сигурно станува трет клуб во Шпанија зад Реал Мадрид и Барселона.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација заборави на 159-те настапи и 48 гола во дресот на Лацио, па по постигнатиот гол за Наполи тој направи гест со кој ги разлути навивачите на неговиот поранешен клуб.
„Пукна тиквата" меѓу Манчини и Балотели. Колку и да му беше милениче, менаџерот Роберто Манчини конечно го загуби трпението со неговиот сонародник Марио Балотели.
По еден прекршок на натпреварот против Валенсија, Пепе остана да лежи на тревата, а неговиот соиграч Арбелоа се обиде да го крене за да не губат време. И потоа следеше реакција во стилот на Пепе...
Шпанската Примера станува неворојатно интересна. Реал Мадрид со 10 поени предност веќе го имаше пехарот во рака, но по денешното реми со Валенсија, сега Барселона заостанува на само 4 поени.
Екипата на Арсенал со победата над Манчестер Сити најверојатно ја реши битката за титулата во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед на шест кола пред крајот веќе има осум поени предност.
Бледата сенка на ракометната репрезентација која пред само два месеци го освои петтото место на Европското првенство во Србија, на квалификациите за Олимписките игри заврши на последното место со 0 поени.
Заради католичкиот Велигден, сите натпревари од италијанската Серија А се одиграа денес, а фудбалерите на Милан имаа најубав велигденски подарок за Јувентус. Тие му го подарија врвот на табелата откако загубија на домашен терен од Фиорентина. Горан Пандев постигна гол за Наполи против Лацио.
Унгарците започнаа, а Швеѓаните целосно не разбудија од олимпискиот сон. Со ново потпросечно издание, македонската ракометна репрезентација беше поразена од Шведска и ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри во Лондон.
Арсен Венгер тврди дека неговата екипа го игра можеби најелегантиот и грациозен фудбал во Англија, а тоа најверојатно се должи на фактот што во слободно време фудбалерите на Арсенал вежбаат балет.
Оваа недела за вас типува фудбалерот од средниот ред на ФК Вардар, Остоја Стјепановиќ кој со своето интернационално искуство ќе ни помогне да го составиме добитниот тикет на колото.
Македонските ракометари не ги искористија исклучувањата на противникот и направија премногу грешки по што следеше старт на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон со пораз од Унгарија со 28:26.
Податок кој ќе ги загрижи сите фанови на ЛА Лејкерс. Статистиките велат дека тие нема да ја освојат титулата оваа година затоа што Коби шутира со 2,3% послаба реализација од неговиот просек.
За прв пат во историјата на македонскиот спорт, нашата држава на Олимписките игри наместо со спортисти кои можата да се пребројат на една рака, има шанса да биде претставена од многубројна делегација. Визата за Лондон уште овој викенд преку Гетеборг можат да ја извадат ракометарите.