Со победата на градското дерби против Клиперс, ЛА Лејкерс ја зголемија предноста на врвот на Пацификот, но сепак ова не е сјајна сезона за 16-кратниот шампион на НБА лигата.
Според статистиката, ЛА Лејкерс нема да ја освои титулата оваа година затоа што процентот на реализација на Коби Брајант е 43%.
Просекот во целата кариера на Коби е 45,3% реализирани шутеви, а во сезоните кога шутира под просекот, тој не го освојува шампионскиот прстен.
2002/03 - 45,1% - Лејкерс загубија во полуфиналето на Западната конференција
2003/04 - 43,8% - Лејкерс загубија во финалето од Детроит Пистонс
2004/05 - 43,3% - Лејкерс не се пласираа во плејоф
2005/06 - 45% - Лејкерс загуби во првото коло од плејофот
2010/11 - 45,1% - Лејкерс загуби во полуфиналето на Западната конференција од Далас Маверикс
2011/12 - 43% - ???
Колку за споредба, во сезоната 2001/02 кога Лејкерс ја освоија титулата, Коби шутираше со 46,9% а најслаба реализација во шампионска сезона за Коби беше во 2009/10 со 45,6% реализирани шутеви.