Принц Наваф бин Фаисал, претседателот на Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија изјави дека тие нема да вклучат ниту една жена во нивната делегација за Олимписките игри во Лондон, но нема да им забраната на спортиските да учествуваат на Олимпијадата ако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) им понуди вајлд-карта.
Во 2010-та година една спортистка од Саудиска Арабија успеа да освои бронзен медал на Младинските Олимписки игри во Сингапур, но таа и таму не беше одведена од Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија, туку доби покана од МОК. Сега дури ни таа не е предвидена за делегацијата која ќе патува за Лондон.
Минатата година МОК ги критикуваше Саудиска Арабија, Катар и Брунеи затоа што беа последни три држави кои не праќаа спортистки на Олимписките игри.
Катар вети дека ќе испратат барем една спортистка во Лондон, а челниците на ОК на Брунеи изјавија дека во Лондон ќе ги испратат само оние кои ќе ги исполнат нормите.
Многу невладини организации побараа од МОК целосно да им забрани учество на спортистите од Саудиска Арабија на Олимписките игри во Лондон доколку тие немаат спортистка во својот состав, а портпаролката на комитетот соопшти дека тие се надеваат дека ќе најдат решение пред почетокот на Олимпијадата чиј старт е закажан за 27 јули.