Реал Мадрид потпиша договор вреден една милијарда евра со Обединетите Арапски Емирати за изградба на првиот спортско туристички тематски парк на вештачки остров.
Но за потпишување на овој договор мораа да направат една „мала" промена и да го избришат крстот од своето лого.
Крстот стана дел од логото на Реал Мадрид во 1920-та година го кралот Алфонсо XIII го прогласи клубот за кралски. Крстот бил избришан од 1931-та до 1941-та, но бил повторно вратен на логото по завршувањето на граѓанската војна.
Според шпанските медиуми, челниците на Реал Мадрид се одлучиле за овој потег за да ги избегнат недоразбирањата и потенцијалните конфликти во регионот каде мнозинството од населението се муслимани.
Претходно и Барселона го избирша крстот од своето лого на дресовите и сувенирите кои ги продаваат на Блискиот Исток за да ги задоволи барањата на нивните навивачи од овој регион.