Уште во првата минута со головите на Миркуловски и Мојсовски поведовме со 2:0, но во следните седум минути не постигнавме гол, а Шведска направи серија и поведе со 2:4.
Следеше израмнување на 4:4 по што во следниот период се играше гол за гол игра се до 17-та минута кога Шведска повторно поведе со два разлика (6:8), а во 21-та минута тие за прв пат на натпреварот имаа и три гола предност (7:10).
Водството од три гола Шведска го одржуваше се до 28-та минута кога со две украдени топки Македонија намали на 12:13. Но тогаш судиите и им помогнаа на домаќините со исклучувањето на Миркуловски по што тие на паузата заминаа со предност од 12:14.
Во првите 30 минути најефикасни во нашата репрезентација беа Лазаров, Мојсоски, Миркуловски и Манасков со по два гола.
На самиот старт на второто полувреме Шведска со два гола дојде до највисоката предност од четири разлика (12:16).
Во 44-та минута нашите ракометари намалија на 17:19, но повторно не ја искористија предноста од играч повеќе за оваа разлика уште повеќе да ја намалат.
Македонската одбрана во второто полувреме немаше одговор за расположениот Ким Андерсон, а на спротивната страна нашите ракометари потфрлија и со реализацијата, па Швеѓаните рутинирано си го одржуваа водството.
На крајот Македонија беше поразена со 23:27. Најефикасни со по пет погодоци во нашите редови беа Миркуловски и Кире Лазаров, но капитенот на нашата репрезентација, имаше уште еден лош ден и реализираше само 5 од 14 обиди (36%).
Претходно, Унгарија го совлада Бразил па заедно со Шведска обезбеди пласман на Олимписките игри во Лондон, со што утрешниот натпревар на македонската репрезентација против Бразил ќе нема никакво резултатско значење.