Арсенал победи за титулата на Манчестер Јунајтед

Екипата на Арсенал со победата над Манчестер Сити најверојатно ја реши битката за титулата во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед на шест кола пред крајот веќе има осум поени предност.

Три натпревари без победа на Манчестер Сити беа доволни за решавање на прашањето за титулата во Англија. Манчестер Јунајтед веќе спрема место во витрините за 20. пехар од Премиер лигата.

Лондончаните уште од самиот старт вршеа притисок кон голот на Сити, но на победничкиот гол се чекаше до самиот крај.

Домаќините имаа огромна шанса да поведат уште во 15-та минута со ударот со глава на Ван Перси, но топката на патот кон мрежата го погоди неговиот соиграч Вермален.

Марио Балотели можеше да биде исклучен уште на средината на првото полувреме по остриот старт над Сонг, но судијата подоцна не му прости и го исклучи во 90-та минута.

Во второто полувреме Арсенал продолжи да доминира. Ван Перси ја погоди стативата, а во 76-та минута домашните фудбалери пропуштија три неверојатни шанси и уште на два пати ја погодија стативата.

Сепак на крајот Арсенал заслужено славеше со прекрасен гол на Микел Артета во 87-та минута и ја презеде третата позиција која води во Лигата на шампиони.

Претходно, фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја искористија предноста од играч повеќе која ја имаа уште од 14-та минута и го совладаа Квинс Парк Ренџерс со 2:0.

Во таа 14-та минута главниот судија наместо офсајд, досуди пенал за Јунајтед и го исклучи Дери, а прецизен од белата точка беше Вејн Руни.

Домаќините продолжија да напаѓаат, а мрежата на КПР до крајот се затресе уште еднаш. Ветеранот Пол Сколс во 68-та минута постигна прекрасен гол од околу 20 метри.

ПРЕМИЕР ЛИГА - 32. КОЛО:

недела:
Манчестер Јунајтед - Квинс Парк Ренџерс 2:0
Руни 15п, Сколс 68

Арсенал - Манчестер Сити 1:0
Артета 87

сабота:
Сандерленд - Тотенхем 0:0

Челси - Виган 2:1
Ивановиќ 62, Мата 93 - Диаме 82

Ливерпул - Астон Вила 1:1
Суарез 82 - Херд 10

Болтон - Фулам 0:3
Демпси 30, 45, Дијара 80

Норич - Евертон 2:2
Хоусон 39, Холт 76 - Јелавиќ 22, 61

ВБА - Блекбурн 3:0
Олсон 7аг, Форчун 69, Риџвел 85

Стоук - Вулверхемптон 2:1
Хут 37, Крауч 61 - Кајтли 26

петок
Свонси - Нукасл 0:2
Демба Сисе 5, 69

8 април 2012 - 20:52