Порано головите во дресот на Лацио ги прославуваше вака:
а сега головите постигнати на Олимпико во Рим ги прославува вака:
Минатата година во дресот на Интер, Горан Пандев постигна гол против Лацио на Олимпико (Лацио победи со 3:1), но тогаш капитенот на нашата репрезентација не го прослави овој гол.
Но овој пат тој очигледно заборави на шесте години поминати во Лацио, клубот каде тој се прослави во фудбалскиот свет и откако постигна гол за Наполи, реши да упати „поздрав" кон трибините на Олимпико.
Поздравот најверојатно беше насочен кон претседателот Лотито, но навивачите на Лацио кои исто така не се во голема љубов со нивниот претседател, не го прифатија баш најдобро овој гест на Пандев.
Тој беше исвиркуван при секој негов допир со топката, а посебно кога го напушташе теренот во 79-та минута.
Денес сликата со „поздравот" на Пандев ги преплави сите вебстрани и форуми на навивачите на Лацио, а посебно е распространета на социјалните мрежи каде фановите упатија најпогрдни навреди на сметка на нивниот поранешен фудбалер, при што најчесто се користи зборот „циган".