27-годишниот Стјепановиќ ја започна својата кариера во Македонија Ѓорче Петров од каде во 2005-та година се пресели во Партизан. По неколку сезони во Србија, БиХ и Македонија, во 2009-та година премина во австрискиот клуб Матерсбург каде одигра една сезона заедно со Гоце Седлоски и Илчо Наумоски. Од Оваа година поранешниот младински репрезентативец е член на Вардар.
Тикетот на Остоја:
Салцбург - Вакер Инсбург 1
Салцбург е фаворит за освојување на титулата и покрај тоа што игра во променлива форма во последно време, мислам дека овој пат на домашен терен ќе стигне до трите бода.
Рид - Австрија Виена 1 или 0-2 гола
Ова би требало да биде тежок и тврд натпревар, меѓутоа со оглед на слабата форма на Австрија на неколкуте последни натпревари, јас би им дал предност на домаќините кои според мене можеби играат најдопадлив фудбал во Австрија.
Јавор - Јагодина 1
Очекувам победа на домаќините од две причини. Првата е таа што се наоѓаат во добра форма и имаат две победи на последните натпревари, а втората е секако шансата за одалечување од зоната за испаѓање.
Од поинтересните европски лиги би ги издвоил следните типови:
Штутгарт - Мајнц 1
Удинезе - Парма 1
Волфсбург - Борусија Дортмунд ГГ 3+
Кој е вашиот тикет на колото? Пишете ни во коментарите под оваа статија.