На екипата на Фламенго предводена од Роналдињо, Вагнер Лав и уште неколку познати фудбалски имиња и беше потребна победа над Ланус и реми на натпреварот помеѓу Олимпија и Емелек.
Првиот услов го исполнија со победата од 3:0 и кога во 90-та минута Олимпија Асунсион израмни против Емелек на 2:2, Бразилците веќе почнаа да го слават пласманот во нокаут фазата од Копа Либертадорес.
Меѓутоа нивното славје траеше само две минути. На натпреварот во Парагвај, гостинскиот клуб од Еквадор, Емелек успеа да постигне гол и со тоа да избори пласман во втората рунда.
Погледнете ја паралелната снимка од последните минути од двата натпревари: