Навивачи нокаутираа свој играч

Прославата на победа со своите навивачи за малку ќе беше фатална за еден хокеар на Бостон Бруинс.

Актуелниот шампион на НХЛ лигата, екипата на Бостон Бруинс победи против Вашингтон на првиот натпревар од плејофот и тоа со гол во продолжението.

При прославата, навивачите на Бостон го срушија заштитното стакло кое го нокаутираше хокеарот Дејвид Крејчи кој за среќа помина без потешка повреда благодарение на заштитната кацига.

14 април 2012 - 00:19