Рома - Фиорентина 1
Одлична шанса за Рома со победа да се доближи до третата позиција. Фиорентина го шокираше Милан, но тоа беше само моментален блесок на тимот кој се бори за опстанок и нема шанси да изненади на Олимпико каде Рома има пет победи на последните шест натпревари.
Виљареал - Расинг Сантандер 1
Со победата над Малага, екипата на Виљареал докажа дека не заслужува да испадне од шпанската Примера и со победа над последнопласираниот тим во лигата ќе се одалечи од опасната зона.
Баер Леверкузен - Херта 1
По шест натпревари без победа, Баер конечно ја прекина лошата серија во средата и мора да продолжи да победува за да ја задржи 6-та позиција која води во Лига Европа.
Норич - Манчестер Сити 2
По поразот на Манчестер Јунајтед, предноста во однос на Сити се намали на достижни 5 поени, а до крајот на месецов ќе се одигра и градското дерби. Со победа на овој натпревар Манчестер Сити ќе го намали заостанувањето на два поени и ќе направи дополнителен притисок врз Јунајтед пред нивниот неделен натпревар со Астон Вила.
а тикетот до надополнуваме со неколку „сигурици":
Манчестер Јунајтед - Астон Вила 1
Леванте - Барселона 2
Милан - Џенова 1
Чезена - Јувентус 2
Кој е вашиот тикет? Пишете ни во коментарите под оваа статија.