Фудбалери тепаа навивачи

Често гледаме како навивачи напаѓаат фудбалери, но сега тие го возвратија ударот.

По завршувањето на натпреварот од аргентинската лига помеѓу Тигре и Бока Јуниорс кој домаќините го добија со 2:1, гостинските фудбалери имаа блиска средба со навивачи на Тигре.

Навивачите на Тигре ги „поздравија" фудбалерите на Бока, но тие не останаа покусо. Неколку фудбалери го напуштија автобусот и се пресметаа со навивачите, а целата ситуација ја смируваа полицајци кои истрелаа гумени куршуми во воздух.

16 април 2012 - 22:02