Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
Пет победи во серија е доказ дека помеѓу кошаркарите на Мајами има добра хемија. А јака „хемија" имаше и на клупата за време на синоќешниот натпревар против Чикаго.
Лионел Меси и Кристијано Роналдо заработуваат по околу 20 милиони долари годишна плата од нивните клубови, Дејвид Бекам „само“ 9, но кога на оваа сума ќе се додадат и парите од спонзорите, тој сè уште има најголема заработка помеѓу фудбалерите.
Екипата на Атлетико Мадрид со 4:2 ја победи Валенсија на првиот натпревар од шпанското полуфинале во Лига Европа, а Спортинг Лисабон со пресврт го совлада Атлетик Билбао со 2:1.
И покрај тоа што Барселона има негатива од првиот полуфинален натпревар против Челси, светските обложувалници и натаму веруваат дека актуелниот европски шампион има најголеми шанси за одбрана на титулата во Лигата на шампиони.
Фудбалер од Фарските Острови одиграл два натпревари за својата репрезентација и по натпреварите ги разменил дресовите со Фабрис Муамба и Пјермарио Моросини.
Шпанците доминираат во европскиот фудбал со пет клубови во финалните фази на двете натпреварувања, но постојат и бројки кои ја прикажуваат скриената слабост на шпанскиот фудбал. Само за данок тие должат 752 милиони евра.
Актуелниот шампион на Англија веќе осма година по ред е прогласен за најскапоцен фудбалски клуб на светот. Според магазинот Форбс, вредноста на Манчестер Јунајтед изнесува 2,24 милијарди евра.
Актуелниот европски шампион беше поразен, но не и надигран во Лондон. Барселона напаѓаше, но Челси го искористи единствениот шут во рамките на голот и триумфираше на првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.
Екипата на МЗТ Скопје сигурно чекори кон првата шампионска титула. Аеродромци со победа ја започнаа финалната серија од кошаркарскиот плејоф откако триумфираа над Фени Индустри по драматична завршница со 80:78.
Челси и Барселона во Лигата на шампиони имаат одиграно 10 меѓусебни дуели, а пред нивниот вечерашен полуфинален натпревар, порталот Goal ги издвои најконтроверзните моменти од нивните средби во минатото.
Баерн Минхен го направи првиот чекор кон финалето на Лигата на шампиони кое ќе се одигра во нивниот град, откако на првиот полуфинален натпревар го совладаа Реал Мадрид со гол во последната минута. Пред натпреварот од соблекувалната на Реал Мадрид на Алијанц арената биле украдени шест пара копачки.
Хрватот Анте Кулушиќ стана славен откако постигна гол од пола терен на натпреварот помеѓу Генчлербирлиги и Газиантепспор во Турција. За негова несреќа, тој ја затресе мрежа од својот гол.
Оваа година англиската Премиер лига го прославува јубилејното 20-то издание и по тој повод Англичаните со помош на навивачите од целиот свет ќе ги изберат најдобрите играчи, тренери, голови, одбрани, прослави, натпревари, изјави...
Пијани идиоти од Дњепропетровск скршиле голема фудбалска топка, одбележје на Европското првенство во Полска и Украина, но за казна, наместо со пари, платија на друг начин.