Барса сѐ уште фаворит според обложувалниците

И покрај тоа што Барселона има негатива од првиот полуфинален натпревар против Челси, светските обложувалници и натаму веруваат дека актуелниот европски шампион има најголеми шанси за одбрана на титулата во Лигата на шампиони.

Проклетството на шампиони се повторува секоја година откако Лигата на шампиони го доби новиот формат во 1992-та година, односно ниту еден шампион не успеал да си ја одбрани титулата следната сезона.

Но и покрај оваа традиција и негативата од првиот натпревар кој Челси го доби со 1:0, светските обложувалници веруваат дека Барселона има најголеми шанси повторно да триумфира во финалето во Минхен на 19-ти мај.

Барселона и Челси до сега се сретнале пет пати на Камп Ноу, а домаќините имаат само две победи (5:1 и 2:1). Сепак доминацијата од првиот натпревар ги убеди букмејкерите да дадат коефициент од само 1,35 дека Барселона ќе избори пласман во финалето, а коефициентот за Челси изнесува 3.

Според обложувалницата bwin, малку потешка задача ќе има Реал Мадрид кој ќе треба да ја надополни негативата од 2:1. Коефициентот за нивниот пласман во финалето е 1,6 додека коефициентот на Баерн Минхен е 2,25.

Коефициентот дека Барселона ќе ја одбрани титулата во најелитното европско клупско натпреварување изнесува 2,15. По Барселона, најголеми шанси има Реал Мадрид (коефициент 3,5), следи Баерн Минхен (4,25), а најмали шанси и се даваат на екипата на Челси (коефициент 8).

19 април 2012 - 13:01