Влезниците за Јуве-Рома распродадени за 40 минути

Неделниот натпревар помеѓу Јувентус и Рома предизвика невиден интерес.

Јувентус има еден поен предност во однос на Милан, а Рома заостанува за пет поени од третата позиција на Лацио која води во Лигата на шампиони и нивниот дуел предизвика голем интерес во Торино.

Продажбата на влезници за натпреварот помеѓу Јувентус и Рома беше стопирана се до вчера кога беше потврден терминот за одигрување на овој дуел, а тие беа распродадени за 40 минути откако беа пуштени во продажба.

Мирко Вучиниќ и Марко Бориело ќе се сретнат со своите поранешни соиграчи на преполниот стадион на Јувентус со капацитет од 41.000 гледачи, а цената на влезниците за овој натпревар се движеше од 35 до 275 евра.

18 април 2012 - 13:53