Хрватски фудбалери претепале соиграч

Фудбалер на Загреб фатил во кладилница по што бил претепан од своите соиграчи. Проблемот е во тоа што тој се кладел против својот тим.

Играчот од средниот ред на хрватскиот клуб Загреб, Дамир Шовшиќ бил претепан од своите соиграчи по полуфиналниот натпревар против Динамо.

Во текот на првото полувреме од натпреварот, Шовшиќ бил на клупата на резервни фудбалери и додека неговиот тим бил во водство, тој бил многу нервозен и им кажал на своите колеги дека имал уплатено големи пари на победа на Динамо.

Шовшиќ влегол во игра во второто полувреме по што фудбалерите на Динамо направиле пресврт и со победа од 2:1 се пласирале во финалето на купот, а фудбалерот на Загреб фатил во кладилница.

Но освен што добил пари од кладилница, Шовшиќ добил и ќотек од своите соиграчи. Според информациите од хрватските медиуми, тој бил физички нападнат од своите соиграчи по натпреварот.

Дамир Шовшиќ потврди дека неговите соиграчи му биле лути заради неговото недоволно залагање, но негираше дека бил физички нападнат.

20 април 2012 - 09:49