Навивачите на Цибалија од Винковци им приредија до сега невидено изненадување на своите ривали од Осијек на полуфиналниот дуел од хрватскиот куп. Домашните Ултраси оградата на гостинската трибина пред натпреварот ја намачкале со измет.
Гостите од Осијек не знаеле што ги очекува и неколку припадници на навивачката група Кохорта се качиле на „смрдливата ограда" на која ги заврзале своите транспаренти.
Тие сфатиле за што се работи дури откако домашните навивачи ги подигнале своите пароли на кои пишувало "Shit happens dear Kohorta, Malo nas je al smo govna".