МЗТ сè поблиску до првата титула

Екипата на МЗТ Скопје сигурно чекори кон првата шампионска титула. Аеродромци со победа ја започнаа финалната серија од кошаркарскиот плејоф откако триумфираа над Фени Индустри по драматична завршница со 80:78.

МЗТ Скопје поведе со 2:0 во финалната серија против Фени индустри што се игра до четири добиени натпревари.

Гостите од Кавадарци имаа предност од десет поени во првата четвртина, но домаќините со фантастична серија од 23:2 бргу ја анулираа негативата и дојдоа до плус 13.

Но со неколку тројки во последната четвртина, кошаркарите на Фени намалија на четири разлика и ја најавија неизвесната завршница.

На 39 секунди до крајот, негативата на Фени изнесуваше само еден поен (79:78), а во следниот напад Мијајловиќ реализираше едно слободно фрлање за 80:78.

Меч топката во свои раце ја имаше Лилов, но тој не реализираше во обидот за три поени и кошаркарите на МЗТ триумфираа со 80:78.

Најефикасен кај МЗТ беше Мијајлович со 23 поени, а Чековски натпреварот го заврши со 17 поени и 9 скокови. Во поразената екипа се истакнаа Николовски со 27 и Лилов со 18 поени.