Пред еден од поголемите трговски центри во украинскиот град Дњепропетровск била поставена голема декоративна фудбалска топка која минатата недела била искршена од пијани идиоти.
За нивна несреќа, тие веднаш биле фатени од обезбедувањето и кога немале пари за да ја надоместат штетата, тие само за да не бидат уапсени прифатиле казната да ја одработат на друг начин.
Двајцата хулигани поминале цел ден пред трговскиот центар со знаци обесени на нивниот врат на кој пишувало „Јас сум идиот - ја скршив топката за ЕУРО 2012".