Манчестер Јунајтед својата вредност во однос на минатата година ја зголеми за 20% и со 2,24 милијарди евра не само што е највреден фудбалски клуб, туку и спортски бренд воопшто.
Клубот кој се проценува дека има 330 милиони навивачи од целиот свет вреди 385 милиони долари повеќе од безбол тимот Њујорк Јенкис и Далас Каубојс во американски фудбал.
Втор на листата највредни фудбалски клубови според Форбс е Реал Мадрид чија вредност пораснала за 29% и сега изнесува 1,88 милијарди долари, а на третото место е Барселона со 1,3 милијарди.
Четвртото место му припадна на Арсенал со 1,29 милијарди долари што е за 8% повеќе од минатата година, а петти е Баерн Минхен со 1,24 милијарди, односно пораст од 18%.
На шестото место е Милан со 989 милиони долари, седми е Челси со 761, следат Ливерпул со 619, Јувентус со 591, а помеѓу најбогатите 10 се најде и Шалке со 587 милиони долари.