Ерик Кантона доминира во номинациите за наградите по повод 20-та сезона на Премиер лигата. Кантона е номиниран во пет од 11 категории, вклучувајќи ја и категоријата за најдобар фудбалер која веднаш предизвика многу дебати.
Навивачите на Манчестер Јунајтед се чудат зошто не се номинирани Вејн Руни и Дејвид Бекам, оние од Ливерпул прашуваат за нивниот капитен Стивен Џерард, а навивачите на Челси се побунија затоа што помеѓу номинираните не се најдоа Френк Лампард и Дидие Дрогба.
Номинирани фудбалери во изборот за најдобар играч во изминатите 20 сезониа се: Денис Беркамп, Ерик Кантона, Рајан Гигс, Тиери Анри, Рој Кин, Кристијано Роналдо, Пол Сколс, Алан Ширер, Патрик Виеира и Џанфранко Ѕола.
Во изборот за најдобар тренер номинирани се Алекс Фергусон, Арсен Венгер, Жозе Мурињо, Хари Реднап и Дејвид Мојс.
Најдобрите од категориите за најдобар гол, натпревар, одбрана и прослава ќе бидат одредени со гласови на навивачите, а најдобриот тим, играч, тренер, изјава и сезона ќе бидат избрани од стручно жири.
Гласањето се врши на официјалниот сајт, а победниците ќе бидат прогласени на 15 мај.
Номинирани за најдобри голови:
Најдобри прослави:
Најдобри одбрани: