Offside

Фудбалот е секогаш многу повеќе од она што се случува на теренот. За некого соништата почнуваат надвор од него.

Милан побегна на +4 пред Јувентус

Екипата на Јувентус се уште е единствена непоразена екипа во Италија, но сега има повеќе нерешени од победи, па заостанува со четири поени зад Милан кој полека чекори кон одбрана на титулата.

Меси пишува историја

Барселона славеше на гостувањето кај Расинг со два гола постигнати од Лионел Меси. Аргентинецот го постигна својот 50-ти гол оваа сезона во сите натпреварувања, но стана и првиот фудбалер кој три сезони по ред постигнува по барем 30 голови во шпанската Примера.

Сити се сопна кај Свонси, Јунајтед повторно лидер

Екипата на Свонси им ги наруши плановите на Манчестер Сити и неочекувано победи со 1:0, а градскиот ривал Јунајтед тоа најдобро го искористи и со триумфот над ВБА од 2:0 се врати на лидерската позиција во Премиер лигата.

Серж „Бананамен“ Ибака

Конгоанецот Серж Ибака од Оклахома подели три блокади за само шест секунди.

3 нокаути за 10 секунди

Ако остар старт не е доволно за да добиеш црвен картон, тогаш нокаутирај уште неколку противнички фудбалери.

Видео технологија во фудбалот?

На натпреварот од Премиер лигата помеѓу Болтон и КПР, судиите повторно не видоа чист гол по што Фудбалската асоцијација на Англија побара забрзано имплементирање на видео технологија во фудбалот. Дали на фудбалот му е потребна ваква голема промена и дали таа треба да се применува само на гол линијата или и за други спорни ситуации?

Професионален лоб од аматер

Фудбалеров залутал во аматерски тим од Италија и треба да игра за некој поголем клуб или пак само ја „рогна" и на среќа даде одличен гол.

70 специјалци ќе го чуваат олимпискиот факел

Параноичните Британци ќе ангажираат 70 специјалци кои 12 часа на ден ќе трчаат со носачите на олимпискиот факел со цел да спречат можни диверзантски акции.

Тикет на колото од Филип Ивановски

Најдобриот стрелец во првиот дел на сезоната од македонската Првата фудбалска лига, Филип Ивановски со своето интернационално искуство ќе се обиде да ви помогне при составување на вашиот обложувачки тикет на колото.

Најдобрите голови од изминатата недела

Уживајте во најдобрите 10 голови за изминатата недела од целиот свет, меѓу кои се мајсториите на Ешли Јанг, Робин Ван Перси, Хулк, како и велеслаломот на Нејмар.

Интер победи во десеттиот обид

На денот кога клубот прослави 104 години постоење, фудбалерите на Интер конечно ја прекинаа црната серија од девет натпревари без победа. Наполи го совлада Каљари на натпревар со девет голови, но во листата на стрелци не се запиша Горан Пандев.

Како НЕ се положува

Ова видео им се покажува на 6-годишни деца кога во кошаркарските школи учат како НЕ треба да се положува на кош.

Чудото од Кипар со буџет од 10 милиони евра

Иван Тричковски и неговиот тим АПОЕЛ ја изненадија Европа со пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека успеаја тоа да го сторат со буџет од само 10 милиони евра.

Интер слави 104 години величествена историја

На денешен ден во 1908-та година е оформен еден од најпознатите фудбалски клубови во Европа и 18-кратен шампион на Италија, миланскиот гигант Интер.

Со пари од комар до Премиер лигата

Тони Блум е блиску до остварување на својот сон да има свој сопствен клуб во англиската Премиер лига. Тој тоа ќе го оствари со пари заработени од покер и обложувалници.

Лош ден за манчестерци

Главните фаворити за освојувањето на трофејот од Лига Европа, екипите од Манчестер, имаа лош ден. Сити минимално загуби на гостувањето кај Спортинг Лисабон, а Јунајтед на домашен терен беше надигран од Атлетик Билбао.

Двојни ножички

Бразилците Евертон и Хевертон изведоа еден ретко виден потег на фудбалски терен, гол по двојни ножички.

Е ова е бодичек

Во хокејот има два типа на удари. Силен удар и силен удар по кој ќе прашаш „кој го угаси светлото?".

Нејмар му возврати на Меси

Меси постигна пет гола против Баер и ги освои насловните страници во целиот свет. Нејмар го прифати предизвикот и неколку часа подоцна возврати со хет-трик, а два од головите беа вистинско ремек-дело.

Пируета и монструозно забивање од Грифин

Блејк Грифин веќе станува здодевен. Повторно негово забивање е прогласено за најдобро на вечерта во НБА.

Меси е од друга галаксија

На 24 години Лионел Меси има освоено скоро сé што може да се освои во фудбалот и е блиску до уривање на скоро сите клупски и европски рекорди со постигнување голови.

Тричко во четвртфинале, Меси го демолираше Баер

Иван Тричковски со АПОЕЛ на пенали го елиминираа Лион и се пласираа помеѓу најдобрите осум екипи во Европа, а неверојатниот Лионел Меси се запиша во историјата на Лигата на шампиони со „петардата" при победата на Барселона над Баер Леверкузен од 7:1.