Наследникот на Меси

19-годишниот Хуан Мануел Итурбе се смета за наследник на Лионел Меси, а тој го оправда овој епитет на пријателскиот натпревар на својот Порто против Селта.

Хуан Мануел Итурбе е роден во Аргентина од парагвајски родители и својата кариера ја започнал во Парагвај каде дебитирал во првиот тим на Черо Портено на само 16 години.

Тој настапил на повеќе натпревари за младинските репрезентации на Парагвај, а има и одиграни и еден пријателски натпревар за сениорската репрезентација на оваа земја, но во 2010-та година се одлучил да игра за Аргентина.

Откако наполни 18 години во јуни 2011-та година потпиша за Порто, но во првата сезона не успеа доволно да се наметне во тимот на португалскиот шампион.

Сепак „новиот Меси" како што сите го нарекуваат, почна да ги оправдува очекувањата и се очекува во новата сезона да блесне во сиот свој сјај.

Тоа го потврди и на пријателскиот натпревар против новиот шпански прволигаш, Селта Виго.

23 јули 2012 - 10:51