Изостана европското чудо на Вардар

Заврши кратката одисеја на Вардар во Европа. Македонскиот шампион одигра без голови со Бате Борисов и по осум години остана без победа во европско натпреварување.

Тренерот Илчо Ѓорѓиоски се одлучи за офанзивна формација со три напаѓачи уште од самиот старт, но затоа страдаше средниот ред. Вардарци имаа огромни маки да ги организираат нападите, а тоа добро го користеа Белорусите.

Гостите имаа дури четири сериозни шанси во првото полувреме, но не успеваа да ја затресат мрежата на Захов.

Во второто полувреме фудбалерите на Бате повторно беа поопасни и имаа уште една голема шанса, но Радионов биеше во главата на Захов.

Вардарци се заканија преку Ранѓеловиќ во 69-та минута, но тој биеше премногу млако, а следната шанса беше во последните секунди кога гостинскиот голман го одбрани ударот со глава на Костовски.

Вардар може да жали за оваа пропуштена шанса, но сепак треба да бидат среќни затоа што ги вратија навивачите на стадион. Во Скопје гостувале и екипи како Болтон, Ливерпул и Лацио, но само една екипа успеала да ја наполни арената. Тоа сигурно не е Бате Борисов. Тоа е македонската гордост, ФК Вардар.

фото: МКД.мк

25 јули 2012 - 22:54