Олимписките урнатини во Пекинг

Британците тврдат дека испланирале како ќе ги користат новите градби од Олимписките игри во Лондон. И Кинезите го тврдеа истото кога поторшија 40 милијарди долари за игрите во Пекинг во 2008-та година, но четири години подоцна стадионите се распаѓаат, а некои веќе не ни постојат.

Вака некогаш изгледаа Олимписките градби во Пекинг:

Безбол стадионот

Велодромот

Стадионот за одбојка на плажа

Патеките за кајак

Патеките за BMX натпревари

Каналот за веслање

А вака изгледаат денес:

Тука некогаш се наоѓаше безбол стадионот со капацитет од 15.000 гледачи. Кинезите не најдоа начин како да го користат по Олимпијадата па решија целосно да го срушат и на негово место ќе изградат шопинг центар.

Остатоци од стадионот за безбол.

Единствената примена на велодромот сега е што неговиот паркинг се користи како полигон за автошколи.

Напуштениот стадион за одбојка на плажа.

Каналите сведочат дека тука порано се одржувале натпреварите во кајак.

Чуварот го користи еден од каналите за натпревари во кајак за да провери дали му е дупната гумата од точакот.

Напуштените терени за натпревари во BMX.

Тука се одржуваа натпреварите во веслање.

25 јули 2012 - 12:32