Се до 1948-та година, спринтерите на стартот од трката си копале дупки со мало лопатче за да си ги вкопаат патиките за подобар старт. Најновите стартни блокови не само што имаат плочи за стапалата кои се подесуваат по должина и висина, туку и им кажуваат на спринтерите кога треба да тргнат, но и детектираат ако некој тргнал порано.
„Пиштолот" со кој се означува стартот на трката е повзран со мали звучници ко се наоѓаат зад секој спринтер. На тој начин тие истовремено го слушаат звукот за старт на трката. Доколку не постоеја овие звучници, спринтерите кои поблиску до пиштолот ќе го слушнат звукот за дел од скундата побрзо од оние кои се на подалечните линии.
Просечно време кога спринтерите тргаат е 13 стотинки по звукот од пиштолот. На секој човек му се потребни 10 стотинки за да реагира на звукот, па старт пред ова време се смета за предвремен и спринтерот се дисквалификува. Ова време се мери со специјални сензори кои се наоѓаат на плочите за стапала на стартните блокови.
Во средина на атлетската патека е поставен мерач на ветер. Максималната брзина на ветрот при поставување рекорди на кратките патеки изнесува 2 метри во секунда.
Под површината на патеката се поставени специјални антени, а на опремата на секој спринтер е прикачен чип со кој се мери неговото време во одредени делници од патаката.
На финишот од трката има две камери кои сликаат под 2.000 слики во секунда. За победник на трката се смета спринтерот чие торзо прво ја поминало линијата.
Слично е и во пливањето. Стартните блокови содржат сензори за предвремен старт, а крајното време се одредува со притискање на плочите на финишот. Во плочите има вградено сензори кои реагираат на поместување од 2 милиметри по допир од пливачот, но не се активираат под притисок на брановите.