Им Донг-Хјун има сериозно пореметување на видот и официјано тој се води како слеп. Тој пати од тешка кратковидност и неговиот вид е 10 пати полош од нормалното. Тој не може да чита, а од стреличарската мета гледа само заматена мешавина од бои.
Сепак тој е еден од главните фаворити за освојување на златото во стрелање на Олимписките игри во Лондон. Им веќе има освоено два златни медали од Олимписките игри во 2004-та и 2008-та година како дел од тимот на Кореја, но сега атакува кон индивидуалното злато.
26-годишниот Кореец тврди дека нема потреба да гледа затоа што има извежбани инстинкти и ја чувствува целта.
„Нема разлика за мене ако ја гледам или не ја гледам метата. Кога гледам во метата, се што морам да направам е да се обидам да направам разлика помеѓу боите. Проблем ќе беше ако не можев да ги видам боите", изјави Им Донг-Хјун.