Offside

Фудбалот е секогаш многу повеќе од она што се случува на теренот. За некого соништата почнуваат надвор од него.

Атлетик Билбао го сруши и Шалке

Фудбалерите на Атлетик Билбао направија уште една сензација. По елиминацијата на Манчестер Јунајтед тие со 2:4 славеа на гостувањето кај Шалке. Сите четвртфинални натпревари завршија со резултатот 2:1.

Играч на натпреварот: Шарко

Најинтересен момент на здодевното дерби помеѓу Металург и Шкендија беше прекинот заради влегувањето на куче на теренот.

Фановите на Јунајтед веќе слават 20-та титула

На 8 кола пред крајот, навивачите на Манчестер Јунајтед веќе почнаа да купуваат маички со ја слават 20-та титула на клубот.

Анжи Махачкала, следната европска фудбалска велесила

Ќе успее ли 146-от најбогат човек на планетата, рускиот милијардер Сулејман Керимов со своите 6,5 милијарди долари да го однесе Анжи помеѓу големите европски фудбалски сили?

Дупли малер

Што може да е толку интересно да гледаш како некој трча во круг? Епа може, ако тоа е стиплчес трка со водена препрека.

Ракометен спектакл на фудбалски стадион

Ракометниот клуб Копенхаген и актуелниот европски првак Барселона, својот четвртфинален натпревар од Лигата на шампиони ќе го одиграат на фудбалски стадион.

Милан и Барса без голови, Баерн сигурен

Милан и Барселона не ги оправдаа очекувањата и одиграа без голови на првиот четвртфинален натпревар во Милано, а Баерн Минхен со една нога е веќе во полуфиналето по победата на гостувањето во Марсеј.

Перо Антиќ на чекор до фајналфор

Антиќ со Олимпијакос славеше голема победа од 75:55 на третиот натпревар против Монтепаски Сиена на Бо Мекејлеб и за пласман на фајналфор турнирот во Истанбул им недостига уште само една победа.

Шпанија спремна за пол позицијата во европскиот фудбал

Шпанија ќе се врати на врвот на рангирањето на УЕФА за прв пат по сезоната 2006/07 откако тимовите од шпанската Примера во континуитет бележат добри резултати во европските натпреварувања. Македонија е закована на 39-та позиција зад Латвија, Азербејџан и Молдавија.

Голмански маки големи

На натпреварите во Франција не се постигнуваат многу голови, но фудбалскиот клуб Нант реши да се справи со овој проблем и го најми голманот Ервин Зелазни.

Масовна фудбалска тепачка во Англија

По завршувањето на натпреварот од Лига Два (четврта по ранг англиска лига), помеѓу Брадфорд и Кроули Таун, изби масовна тепачка во која беа вклучени сите фудбалери од двата тима.

Дуел на титаните Милан и Барселона

Вечерва ќе се одигра најатрактивниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампиони. Шампионот на Италија ќе го пречека бранителот на титулата од најелитното европско клупско натпреварување.

Романска бркотница

Бегање по ниви и селски патишта од разулавени домашни навивачи, често се случува и во Македонија, но во Романија еден таков настан беше уловен на камера.

Реал Мадрид и Челси на чекор до полуфинале

Екипите на Реал Мадрид и Челси остварија предност на гостински терен на првите четвртфинални натпревари од Лигата на шампиони. Реал во последните минути го демолираше АПОЕЛ, а Челси славеше минимално во Лисабон.

Балотели апансас

Непредвидливиот Марио Балотели изненадно упадна на прес конференцијата на новиот тренер на Интер.

Еве го голот!

Откако нивниот тим не постигна гол на пет натпревари, навивачите им покажаа каде се наоѓа противничкиот гол.

Лионел Меси на проба во француски второлигаш

Францускиот второлигаш Анжер на проба во своите редови го донесе Лионел Меси. Не оној Аргентинецот, туку некој друг Лионел Меси од Камерун.

Играч на натпреварот

Рубен Негредо постигна гол, а потоа ги зема голманските ракавици и одбрани пенал.

Иди вози ако можеш

И во велосипедизмот има хулигани. Само тука „хулиганките" на патека влегуваат со голи гради.

Морати се премисли и врачи 19-ти отказ

По поразот од Јувентус, претседателот на Интер, Масимо Морати тврдеше дека Клаудио Раниери ќе остане до крајот на сезоната. Не поминаа ни 5 часа, а тој го најми и петтиот тренер за последните 15 месеци.

Руни го одведе Јунајтед на +3

Како и на сите „тесни" натпревари, така и против Фулам, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, својот бес го истури на гумата за џвакање. Неубедливиот Јунајтед со минималната победа над Фулам се одвои на три поени пред Сити.

Не мешајте дроги

Дечково ја научи лекцијата дека не треба да ги меша дрогите пред да оди на натпревар што се прикажува на телевизија затоа што ќе стане главна сеирџиска мета во цел свет.