13 клубови од шпанската Примера се заканија со штрајк и одложување на стартот на новата сезона заради неадекватната распределба на парите од телевизиските права.
Челниците на Атлетик Билбао, Атлетико Мадрид, Бетис, Селта Виго, Еспањол, Хетафе, Гранада, Мајорка, Осасуна, Рајо Ваљекано, Севиља и Сарагоса беа незадоволни од тоа што скоро половина од парите за телевизиските права одат кај Барселона и Реал Мадрид, а овие два клуба исто така секогаш ги добивале и ударните вечерни термини за одигрување на своите натпревари.
На денешниот вонреден состанок не било најдено решение за проблемот но е постигната согласност разговорите да продолжат во текот на првенството, па штрајк сепак нема да има.
Сезоната ќе започне во сабота во 19 часот со натпреварот помеѓу новиот прволигаш Селта и Малага. Во недела шампионот Реал Мадрид ја пречекува Валенсија, а Барселона ќе и биде домаќин на екипата на Реал Сосиедад.