Натпреварот од германската регионална лига (четврта по ранг лига во Германија) помеѓу клубовите Цвикау и Карл Зајс Јена беше одложен заради разлабавени штрафови. Непознат сторител намерно олабавил 60% од штрафовите на една од трибините.
На тој дел од монтажната трибина требало да бидат сместени околу 700 гостински навивачи кои кога ја виделе состојбата на трибината се обиделе самите да ги затегнат штрафовите.
Сепак претседателите на двата клуба не сакале да ризикуваат и решиле да го одложат натпреварот.