Дисциплинската комисија на УЕФА донесе одлука да го суспендира Анортозис од Лига Европа, а кипарскиот клуб следните три европски натпревари ќе ги одигра без публика и ќе плати казна од 50.000 евра.
Казната за кипарскиот клуб следи откако на десет минути пред крајот на квалификацискиот натпревар против грузискиот клуб Дила Гори, навивачите на Анортозис влегоа на терен и го прекинаа натпреварот.
Анортозис и онака беше пред елиминација затоа што во моментот на прекин кипарскиот клуб на домашен терен губеше со 0:3 што беше и причина за револт кај навивачите. На првиот натпревар во Грузија, Анортозис победи со 0:1.