Розов прслук како дрес за хокеј тим

Австралиски тим се појави со најчудниот хокеј дрес на натпревар. Хокеарите носеа маички со розови градници како поддршка за кампањата против рак на градите.

Фондацијата која ги помага истражувањата во борбата против рак на градите во Австралија, секоја година организира акции во кои познатите личности собираат пари со соблекување на своите градници.

Најверојатно голите гради веќе не им се интересни на Австралијанците, па оваа година тие решиле да направат мала промена и фондацијата ги замоли жените да ги носат своите градници над облеката.

Хокеарите од екипата на Аделаида Адреналин се вклучија во акцијата и на еден натпревар се појавија со маички со розови градници.

15 август 2012 - 09:15