
Според соопштението на ФФМ, селекторот Џон Тошак не бил подготвен да одговори на барањата на претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и со начелно договорен спогодбен раскин ја напушта селекторската функција.
Илчо Ѓорѓиоски побарал од Велшанецот да ги исполни условите кои ги бара федерацијата и спортската јавност. На работниот состанок побарал од Тошак да претстојува во Македонија и да има директен увид во случувањата во македонскиот фудбал, да биде вклучен во едукацијата на тренерите и одблизу да влијае на подобрување на состојбите во македонскиот фудбал.
Сепак Џон Тошак не бил подготвен да работи под бараните услови и најавил заминување на три денови пред пријателскиот натпревар со Литванија.