Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Вардар преку Бате до Скендербеу или Дебрецин

Македонскиот фудбалски шампион доколку успее да го елиминира белорускиот Бате Борисов, во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Скендербеу и Дебрецин.

Најблескавиот момент од Олимпијадата во 2008

Уште седум дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон на кои сигурно ќе има премногу моменти за паметење како оние од Пекинг пред четири години. Беа срушени 25 рекорди во пливање, Болт и Исинбаева поставија нови стандарди во атлетиката, Авганистан го освои својот прв медал во историјата... но Олимпијадата во Пекинг ќе се памети и по уште еден настан.

Навивач се продава на eBay

Разочаран навивач на фудбалскиот клуб Кардиф ја продава својата лојалност за следната сезона преку аукцискиот сајт eBay.

Сите бегаат од Серија А

Во изминативе години фудбалерите од Италија се селеа во англиската Премиер лига и шпанската Примера, но кога ѕвездите почнуваат да се одлеваат во Франција, тогаш нешто не е во ред со Серија А.

Незапирливиот Леброн

Леброн Џејмс на своите соиграчи им го покажа неговиот „незапирлив потег" за време на подготовките за Олимписките игри со тимот на САД.

Дебелко го украде шоуто

Комичарот Фернандо Мендес ги засени фудбалските ѕвезди на пријателскиот натпревар помеѓу тимот на пријателите на Луис Фиго и Бенфика.

Ракометарите повторно против Данска

Денес во Мадрид се одржа извлекувањето на групи за Светското ракометно првенство кое следната година ќе се одржи во Шпанија. Македонија е во групата Б заедно со Данска, Исланд, Чиле, Русија и Катар.

Трудна до заби на Олимписки игри

Малезијката Нур Сурјани Мохд Таиби ќе се запише во историјата на Олимписките игри, но не со остварениот резултат, туку на малку контроверзен начин.

Добра статистика не гарантира победа

Европското првенство во Полска и Украина веќе одамна заврши, па аналитичарите имаа време да ги сумираат статистиките и да заклучат нешто што одамна го знаеме - подобриот не победува секогаш.

Парго крши кичми

Џереми Парго од Мемфис Гризлис ја измести целата одбрана на Вашингтон Визардс за време на натпревар од летната подготвителна лига.

Џенеки повеќе од Болт

А таман мислевме дека едвај ќе го чекаме Болт да почне да трча, кога ја запознавме австралијката Мишел Џенеки.

Несреќен пораз, но достижна негатива за Вардар

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб ја пропушти шансата со предност да се врати од гостувањето во Белорусија. Со неверојатен пресврт за две минути во судиското продолжение, Бате Борисов го совлада Вардар со 3:2.

Македонската лига најдобра во екс Југославија?

Германците нека си го сменат методот според кој ја прават табелава или нека си го затворат институтот. Според Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), македонското фудбалско првенство е подобро од хрватското и српското.

Њујорк му раскина на Џереми Лин

Не помина ни еден ден откако Џереми Лин премина во Хјустон, а навивачите од Њујорк веќе му снимија песна.

Повторно цел град бруи за Вардар

Што и да правите денеска гледајте да завршите до 6. Сетете се на деновите кога со нетрпение ја чекавте секоја утакмица на Вардар. Сетете се на Данди, Динамо Букурешт, Порто... Сетете се на ЦСКА Москва, само како доказ дека чуда се случуваат. Како доказ дека Давид може да го легне Голијат.

41 година од збогувањето на Пеле против Југославија

На денешен ден во 1971-та година, Бразил остана без еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Пред 150.000 гледачи на стадионот Маракана на натпревар против Југославија, Пеле се збогуваше од репрезентативниот дрес.

Допингуваниот Шлек се повлече од Тур де Франс

Велосипедистот Френк Шлек од Луксембург се повлече од трката низ Франција заради позитивен допинг тест.

Магијата на 100 метри

Уште само 10 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон. Како и секогаш во минатото, од доминацијата на Џеси Овенс во 1936-та, преку Џим Хајнс, па се до Усеин Болт, кулминацијата се случува со трката на 100 метри. Погледнете ја историјата на овие неверојатни трки.

Колку би било поинтересно

Замислете како би изгледале спортските преноси со вакви коментатори. Па дури и борење со Зоран Михајлов ќе беше погледано од Величенствениот.

Смртна казна за гледање фудбал

Фудбалот е многу опасен спорт во Сомалија. Исламистичките групи убиваат играчи, претседатели на клубови, па дури и обични фанови само затоа што гледаат фудбал на телевизја.

Олимписките маскоти низ историјата

Запознајте ги Венлок и Мандевил. Овие две еднооки суштества ќе ги гледаме многу често во следниот период затоа што тоа се маскотите на Олимписките и Параолимписки игри кои ќе се одржат во Лондон. А како изгледале маскотите во минатото?

Анонимец и 31 ѕвезда во трка за најдобар играч во Европа

УЕФА го објави списокот на 32 кандидати во изборот за најдобар фудбалер во Европа. Помеѓу имињата на Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста, Андреа Пирло... се најде и Лес Дејвис, фудбалерот кој во слободно време работи во фабрика за производство на безбедносна опрема.

ПСЖ ќе плаќа 58 милиони само на стартните 11

Светската криза ги заобиколи Арапите. Катарците кои минатата година го купија ПСЖ не штедат пари за да привлечат големи фудбалски имиња, па така само за платите на стартниот состав ќе трошат по 58 милиони евра годишно.