Род Хигинс има отпуштенот многу играчи за време на неговите 12 години како тренер и генерален менаџер во НБА лигата, но најчуден е неговиот последно потпишан отказ. Овој викенд претседателот на Бобкетс го отпушти неговиот син, Кори Хигинс.
„Кога ќе донесеш одлука да потпишеш со својот син, знаеш дека ќе дојде и еден ваков ден", изјави претседателот на Бобкетс кој како причина за отпуштањето на неговиот син ја наведе потребата на клубот од повисоки играчи.
200 сантиметри високиот Кори Хигинс оваа и минатата сезона одигра 44 натпревари на кои имаше скромен учинок од 3,7 поени и 0,9 асистенции за во просек по 10,3 минути по натпревар.
Шарлот Бобкетс влегоа во лоша серија од 7 загубени натпревари и оваа сезона на вкупно 19 одиграни натпревари имаат 7 победи и 12 порази.