Ален Ајверсон помина 14 години во НБА лигата и додека настапуваше за Филаделфија, Денвер, Детроит и Мемфис, заработи 154 милиони долари, а кон крајот на 2010-та година се пресели во Турција каде од екипата на Бешикташ доби 2 милиони долари по сезона.
Но и покрај тоа што Ајверсон заработи толку пари, минатата година тој банкротираше.
Ајверсон во моментов не игра и заработува по 62.500 долари месечно, но проблемот е што неговите месечни трошоци изнесуваат околу 360.000 долари.
Третина од овие трошоци одат за исплаќање на стари долгови (должи 860.000 долари за накит) и кредити во банки. Ајверсон троши по 10.000 долари месечно на облека, уште 10.000 за домашни трошоци, 5.000 по ресторани, 5.000 за забава, а секој месец плаќа и по 1.000 долари само за хемиско чистење.
Заради долговите наскоро властите ќе му го запленат домот во Атланта кој вреди 4,5 милиони долари, но Ајверсон сепак не се откажува од неговиот автомобил Мајбах кој вреди 400.000 долари.