Најсилната и најпопуларната хокеј лига во светот, НХЛ нема да се игра до крајот на 2012-та година. Челниците на лигата заедно со сопствениците на клубовите решија да ги откажат сите натпревари до 30 декемрви заради непостоење на колективен договор.
Новата сезона во НХЛ лигата требаше да започне на 11 октомври, но стариот колективен договор беше истечен, а играчите и сопствениците на клубовите не најдоа заеднички јазик за потпишување на нов договор.
Ова е трето одложување на стартот на сезоната и до сега се откажани 526 натпревари, а не се знае дали воопшто и ќе започне оваа сезона затоа што играчите и сопствениците на клубовите се далеку од согласување на ставовите за новиот договор.
Доколку истиот се потпише, новата сезона би можела да започне кон средината на јануари 2013 и во регуларниот дел од сезоната би се одиграле само околу 50 натпревари.
Минатата година од истите причини сезоната во НБА лигата стартуваше со задоцнување од 149 денови, а беа откажани 240 натпревари.