Во Истанбул постои огромно ривалство помеѓу Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче, па на навивачите им е забрането да гостуваат кога се играат натпревари помеѓу овие екипи.
Така беше и на овој натпревар за кошаркари во инвалидски колички помеѓу Галатасарај и Бешикташ. На навивачите на Бешикташ им било забрането да присуствуваат, но тие сепак пристигнале во салата и започнале да ги провоцираат домашните навивачи.
По серија скандирања, навивачите се пресметале помеѓу себе, а во тепачките покрај навивачите биле повредени и неколку спортисти.
Хулиганите дури ги уништиле и инвалидските колички и опремата во салата пред ситуацијата да ја смири специјалната полиција.