Најмалку познатиот двоен светски фудбалски рекордер

Сте слушнале ли за Арчи Томсон? Фудбалерот за кој што најверојатно никогаш не сте слушнале овој викенд постави втор светски рекорд. Тој има постигнато најмногу голови и најбрз хет-трик на интернационален натпревар.

На 11 април во 2001-та година Арчи Томсон се прослави со 13 гола на еден натпревар за репрезентацијата на Австралија. Освен што тој постави рекорд, неговата репрезентација го постави и светскиот рекорд за најголема победа на официјален натпревар совладувајќи ги Американски Самоа со 31:0 на натпревар од квалификациите за Светското првенство.

11 години подоцна 34-годишниот Томсон по втор пат се запиша во Гинисовата книга на рекорди. Тој постигна 3 гола за само 5 минути откако влезе во игра при победата од 9:0 на Австралија на Гуам и го постави рекордот за најбрз хет-трик на резервен фудбалер.

10 декември 2012 - 14:24